Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ уште од раните утрински часови го чистеа центарот на Охрид и кејот, отстранувајќи ги големите количини отпад што останаа зад бројните млади кои ноќта ја поминаа во забава на отворено.

И додека комуналните работници ги собираа шишињата, чашите и останатиот отпад, дел од младите и во 6:30 часот сè уште беа на Малото пристаниште и во централното градско подрачје.

Со песна и музика тие ја продолжуваа забавата, додека паралелно се одвиваше и чистењето на јавните површини.

Оваа слика е честа во текот на летната туристичка сезона, кога по ноќните излегувања зад посетителите остануваат значителни количини отпад.

Благодарение на раната интервенција на комуналните екипи, центарот на градот повторно беше исчистен и подготвен за граѓаните и туристите уште во утринските часови.
View this post on Instagram

















