АктуелноОхрид

Претрес во автокамп на охридското крајбрежје, пронајдена дрога, лишен од слобода скопјанец

На 31.07.2026 во автокамп лоциран на охридското крајбрежје, од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид слобода е лишен В.С.(39) од Скопје.

 

При претрес во камп приколка и во дворното место, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа шест кеси со марихуана, фолија со бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од марихуана и други предмети.

По целосно документирање на настанот, против В.С. ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.