АктуелноОхрид

Македонците во Албанија го одбележаа патронот на манастирот „Света Марена“ во Туминец

Во Туминец се одржа традиционалната манастирска слава посветена на светата великомаченичка Марена (Марина).Повеќе од илјада верници од областа Преспа, Албанија и Македонија и светот присуствуваа на вчерашниот заеднички молитвен и празничен собир во чест на светицата-заштитничка на манастирот.

 

Свеченостите започнаа со вечерна богослужба на 29 јули, по што следеше богата културно-уметничка програма со македонски народни песни и ора. Службата беше крунисана со заедничка празнична вечера во чест на манастирската слава, подготвена од овогодишните кумови Спиро и Благица Михал, Деан Михал со семејството и Марио Вурмо со семејството.Денес, програмата продолжи со утрена Света литургија, по што се изврши осветување на вода. Прославата продолжи со македонски народни песни и  ора, а на пладне традиционално се “отпеа лебот на кумот“ и беше избран новиот кум за следната манастирска слава.
Македонците ја продолжија духовната традиција на манастирската слава на Света Марена како потврда на својот милениумски идентитет.
vesnik-ilinden.com