Пратеникот од Охрид, Сашо Донев, е избран за заменик-генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ за 5-та изборна единица.
Донев информацијата ја објави преку својот профил на Фејсбук, каде упати благодарност до претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, до генералниот секретар Драган Ковачки, како и до членовите на Извршниот комитет, за укажаната доверба и изборот на новата функција.
„Оваа доверба за мене претставува голема чест, но и уште поголема одговорност и мотив со посветеност, чесност и многу работа да ги оправдам очекувањата. Продолжуваме заедно!“, напиша Донев во својата објава.
Со новата партиска функција, Донев ќе ја извршува должноста заменик-генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ за 5-та изборна единица, која ги опфаќа општините од југозападниот дел на државата.

















