ОВР Струга поднесе кривична пријава против лице на (38) од струшкото село Лабуништа поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење на службени работи од областа на безбедноста“.
На 30.05.2026 во атар на село Лабуништа, пријавениот физички нападнал полициски службеник, кој извршувал службени дејствија.

















