АктуелноОхрид

Николоски: Изградбата на автопатот Охрид – Кичево се реализира со забрзана динамика

🛣 Изградбата на автопатот Охрид – Кичево се реализира со забрзана динамика. Интензивно се градат галериите, во следните месеци ќе се пуштат најкомплицираните 10 километри за сообраќај

Две галерии се целосно завршени, на третата интензивно се работи, изгрaдбата на галериите е најдоброто решение за стабилизација на земиштетo, што на терен се покажува како ефикасно решение.

Паралелно се работи на стабилизација на земјиштето, на довршување на мостовите, како и на довршување на двете цевки на тунелите.

Ова беше напуштен проект, ова беше проект во којшто никој не веруваше, но веќе се гледа крајот, имаме 34 километри на коишто се вози, а во следните неколку месеци ќе отвориме уште 10 километри коишто се најкомплицирани 10 километри на овој автопат каде што влегуваат тунелите и галериите.