АктуелноОхрид

Покана за празникот Собор на Светиот Архангел Гавриил во манастирот во Долни Дримкол

Во исчекување на празникот на Божјиот благовесник – Собор на светиот архангел Гавриил, Бигорската свештена обител со особена чест ве поканува заедно да го прославиме носителот на добрите и радосни вести, кој прв го објави доаѓањето на Спасителот во светот.
По тој повод, на 26 јули, недела, со почеток во 08:30 ч., во неговиот манастир во Долни Дримкол, ќе биде отслужена Божествена архиерејска Литургија. Со светата Литургија ќе чиноначалствува Неговото преосвештенство, епископот Антаниски г. Партениј.