На 09.07.2026 во 19:15 часот во СВР Охрид е пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Св. Наум, во близина на охридското село Рача, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од лице на (48) од Охрид и патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управуван од лице на (59) од Охрид.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобил едно лице , констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, додека кај другото лице и и сопатничката лице на (57) од Охрид, биле констатирани телесни повреди.
По преземени мерки, кај едното лице е констатирано дека имал 1,80 промили алкохол во крвта и по наредба на јавен обвинител, неговото возило е одземено.
Увид на местото извршија полициски екипи и по целосно документирање на настанот, против едно лице ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.















