АктуелноОхрид

Охриѓанец возел со 2,41 промили алкохол во крвта, лишен од слобода и одземено возилото

На 09.07.2026 во 18:39 часот, на магистралниот пат Охрид-Подмољје, лишен од слобода е лице на (47) од Охрид.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патнички автомобил „фиат“ со охридски регистарски ознаки, што тој го управувал и притоа кај него констатирале 2,41 промили алкохол во крвта.

Возилото е одземено, а по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување моторно возило“.