Охрид

Генералниот секретар на ЗНАМ, Горан Минчев во Охрид се сретна со Извршниот одбор во проширен состав

Генералниот секретар на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Горан Минчев денеска во Орхид оствари работна посета на Општинската организација во Охрид, и одржа состанок со Извршниот одбор во проширен состав, на кој стана збор за актуелните организациски прашања, динамиката на реализација на програмските активности, како и приоритетите за натамошно јакнење на внатрешната кохезија и функционалност на движењето.

Посетата е дел од поширокиот караван „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“, а од Движењето информираат дека на средбата посебен акцент бил ставен на доследната имплементација на одлуките на Централниот одбор, со фокус на изборните постапки за делегати и процесот на номинирање кандидати за координативните тела на Клубот на млади и Клубот на жени, како дел од стратегијата за поширока вклученост и кадровско освежување.

 

 

ohridpress.com