АктуелноОхрид

Охрид повторно беше домаќин на еден од најзначајните ИТФ таеквон-до настани во регионот

На 20 јуни 2026 година, во спортската сала „Билјанини Извори“, во организација на Македонската Традиционална Таеквон-До Федерација и Таеквон-до клубот”ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец Охрид, успешно се одржа меѓународниот турнир Охрид Опен 2026, на кој учествуваа 317 натпреварувачи од девет европски држави.

На турнирот учествуваа клубови и натпреварувачи од Македонија, Молдавија, Грција, Бугарија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Италија и Хрватска, кои во текот на целиот ден приредија врвни борби, атрактивни настапи и вистински спортски спектакл пред присутната публика.

Настанот уште еднаш потврди дека Охрид и Македонија успешно се позиционираат на европската Таеквон-до ИТФ мапа, а интересот и квалитетот на учесниците покажаа дека „Охрид Опен“ прераснува во еден од најпрепознатливите меѓународни турнири во регионот.

Особено успешен настап имаа македонските клубови, кои освоија вкупно 42 медали – 8 златни, 11 сребрени и 26 бронзени медали.

Најуспешен домашен клуб беше ХВА РАНГ ИТФ, кој освои 4 златни, 6 сребрени и 8 бронзени медали. Одлични резултати забележаа и клубовите Мастер со 1 златен, 2 сребрени и 3 бронзени медали, Ахилиус со 2 сребрени и 1 бронзен медал, ГЕ-БЕК Ресен со 3 златни 1 сребрен и 9 бронзени медали, Сонкал со 4 бронзени медали и Чон-Џи со 1 бронзен медал.

Покрај спортските резултати, натпреваротиспрати силна порака за пријателство, почит и соработка меѓу државите и клубовите, вредности кои се темел на традиционалното таеквон-до.

Македонската Традиционална Таеквон-До Федерација упатува искрена благодарност до генералниот спонзор ПН МЕТАЛ, Општина Охрид и Министерството за спорт, чија поддршка овозможи успешна организација на овој значаен меѓународен спортски настан.