АктуелноОхрид

Службите задолжени за подигнување кабаст и зелен отпад секојдневно на терен тешко справувајќи се со енормните количини несоодветно депониран отпад

Денеска се интервенираше во населба Даљан, критични локации, кои веднаш по расчистувањето, несовесни граѓани ги деградираат и веднаш по нашата интервенција повторно расфрлаат кабаст и зелен отпад и остатоци од градежни материјали
❗ Постојано апелираме, но апелите тешко допираат до оние кои ја уништуваат животната средина и создаваат грди слики, оставајќи негативен впечаток кај случајните минувачи и туристи
✔️ Транспарентно и редовно ги информираме граѓаните за нашите акции, како и контакт телефонот на надлежните служби за подигнување кабаст и зелен отпад 075-397-944
✔️ Само со взаемна соработка можеме заеднички да го направиме нашиот Охрид чист и убав, град кој со достоинство ќе го носи епитетот ,,Балкански бисер”, природно богатство кое сме го наследиле од нашите предци и ќе им го предадеме на идните генерации