петок, ноември 22, 2024
АктуелноНаш ИзборОхрид

Започна новогодишното украсување на Охрид

Општина Охрид започна со поставување на новогодишни реквизити и украсување на градот во пресрет на новогодишните и божиќните празници.

За украсувањето на централното градско подрачје преку јавен повик ангажирана е фирмата „Металват“. Според планираното, ќе бидат украсени улиците „Македонија“ и „Македонски Просветители“, градскиот кеј и градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“.

За украсување на булеварот „Туристичка“ и останатите сообраќајници во градот ќе се користат светлечки реквизити кои се во сопственост на Општина Охрид. Истите ќе бидат поставени од екипите на ЈП „Охридски Комуналец“.

Активностите за украсување се очекува да завршат за десетина дена.

Се упатува апел до економските оператори кои вршат дотур на производи во чаршијата и на улица „Македонија“ да користат пониски товарни возила, за да не се нанесува штета на поставените новогодишни украси.

Напишете коментар