Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, упати повик до сите охриѓани и љубители на спортот вечерва заедно да присуствуваат на свечената прослава во чест на ракометните шампиони на градот, освојувачи на титулата во ЕХФ Европскиот Куп.
Во своето обраќање, градоначалникот истакнува дека нивната пожртвуваност, талент и борбен дух го прославија Охрид и македонскиот спорт на европската сцена, носејќи историски успех и голема гордост за целиот град.
Пецаков повикува на достоинствено и масовно одбележување на овој голем спортски момент, нагласувајќи дека Охрид секогаш знае да ги слави своите херои и да стои зад нивните успеси.
Свечената прослава ќе се одржи вечерва на Градскиот плоштад во Охрид, со почеток во 19:00 часот, каде се очекува присуство на голем број граѓани кои заедно ќе им оддадат признание на шампионите.















