АктуелноОхрид

Лишен од слобода 19-годишник од Ресен кој управувајќи возило удрил во метален столб на булевар „Туристичка“

На 30.05.2026 година во 02.20 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е лице на (19) од Ресен кој претходно, на кружниот тек на булеварот „Туристичка“ со улицата „7 ноември“, управувајќи патнички автомобил „Фолксваген“ со ресенски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во метален столб.
При извршено алкотестирање, полициските службеници кај него утврдиле 1,77 промили алкохол во крвта. По наредба на јавен обвинител, возилото е одземено и п целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.