Ден пред Задушница кога се посетуваат вечните почивалишта на починатите, охридските градски гробишта се речиси без вода.
Граѓаните кои беа во посета на гробиштата со цел да се зачистат и уредат за утрешната Задушница реагираат поради недостигот на вода во главната водоводна линија на градските гробишта.

На средината од православните и муслиманските гробишта е поставена мини цистерна, но во неа нема чиста вода туку пенлив раствор. За чиста вода треба да се пешачи до главниот влез или на средината под боровите и тука да се чека во ред за да се наполни вода.

Од службите кои беа тука прашавме зошто на главните чешми нема вода , добивме одговор дека при минатогодишните реконструктувни зафати била оштетена главната водоводна линија и тоа сеуште трае.
Бројни револтирани повозрасни лица кои неможат да одат и да се враќаат со полни кофи вода коментираа дека ова е голем срам за градските гробишта во Охрид.















