Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со хрватскиот вицепремиер и министер за поморски работи, транспорт и инфраструктура, Олег Бутковиќ, кој е дел од делегацијата на хрватската влада, која од денеска е во посета на државава.
На билатералната средба во Охрид се зборуваше за развој на транспротниот сообраќај во регионот, можностите за продлабочување на соработката во делот на железничкиот сообраќај, како и продлабочување на економската соработка помеѓу двете земји – информира Министерството за транспорт.
Николоски се заблагодарил за поддршката во решавањето на проблемот со превозниците и професионалните возачи, како и за измените на Законот за работните визи, кои веќе ги направи Република Хрватска, што е од огромно значење за нашите превозници.

На средбата се разговарало за економската соработка и за можностите за засилена економска активност помеѓу двете држави.
Хрватската владина делегација ја предводи премиерот Андреј Пленковиќ, кој со премиерот Христијан Мицкоски ќе потпише договори за стратешка соработка помеѓу двете земји.















