АктуелноОхрид

40-годишник од Охрид физички нападнал 64-годишна жена од Охрид

На 25.05.2026 полициски службеници од СВР Охрид извршија службен разговор со
лице на (40) од Охрид, по претходна пријава дека истиот ден околу 10:05 часот, поради
нерешени имотно-правни односи, отишол во куќата на 64-годишната  жена  од Охрид и
физички ја нападнал, а притоа оштетил и дел од покуќнината.

Исто така, лицето  во 13:15 часот во СВР Охрид пријавил дека на 25.05.2026 околу 10:15 часот, по претходно недоразбирање поради имотно -правни односи, во домот на  лицето му биле упатувани
закани од  едно лице  и нејзините две сестри, кои го туркале и не го пуштиле да го напушти
нивниот дом.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.