Македонското знаме гордо се вееше во Barletta, Италија, каде натпреварувачите на Македонска Традиционална Таеквон-До Федерација приредија вистинска спортска експлозија и испратија моќна порака до европската конкуренција — МАКЕДОНИЈА СОЗДАВА ШАМПИОНИ!

На престижниот меѓународен турнир “Barletta Challenge 2026”, каде учествуваа над 300 натпреварувачи од 9 земји од Европа, Македонија, Србија, БиХ, Грција, Италија, Шпанија, Норвешка, Молдавија и Словачка. Македонската Традиционлна Таеквон-до Федерација учествуваше со 5 натпреварувачи во две дисциплини спаринг и форми.
Нашите натпреварувачи доминираа со неверојатен биланс од 5 ЗЛАТНИ, 2 СРЕБРЕНИ и 1 БРОНЗЕН медал, претворајќи го турнирот во вистинска демонстрација на квалитет, дисциплина и шампионски карактер закитувајќи се сите со златен медал.

Она што посебно го прави овој успех историски е фактот што за првпат златните медали се побројни од сребрените и бронзените заедно — симбол на новата победничка ера на македонското традиционално таеквон-до!
ТК ХВА РАНГ ИТФ — ФАБРИКА ЗА ШАМПИОНИ Клубот од Лескоец уште еднаш покажа дека е еден од двигателите на македонското таеквон-до, освојувајќи вкупно 6 медали и доминирајќи во повеќе категории.

Анастасија Чулческа
ЗЛАТО — спаринг борби младинки У-18 (-60 кг)
СРЕБРО — форми плав појас младинки У-18 Теодора Тодороска
ЗЛАТО — спаринг борби јуниорки (-60 кг)
СРЕБРО — форми зелен појас јуниорки Миа Танеска
ЗЛАТО — форми црвен појас кадетки
БРОНЗА — спаринг борби кадетки (+50 кг)
ТК МАСТЕР — ОХРИДСКИТЕ БОРЦИ СО ШАМПИОНСКИ ПЕЧАТ Даниел Стојаноски
ЗЛАТО — спаринг борби кадети (-40 кг) Анастасија Ристеска
ЗЛАТО — спаринг борби јуниорки (+64 кг) Секој настап, секоја борба и секој освоен поен беа резултат на огромна работа, дисциплина и посветеност.
Македонските натпреварувачи покажаа храброст, техничка супериорност и победнички менталитет достоен за најголемите европски сцени.

Голема благодарност до генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ”, Општина Охрид и Министерство за спорт, чија поддршка е значаен дел од овој голем успех.
Европа доби јасна порака — македонското традиционално таеквон-до чекори кон уште поголеми победи!















