АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Одличен настап на АК Охрид на Купот на Македонија за сениори и сениорки

На изминатиот викенд Куп на Македонија за сениори и сениорки, Атлетскиот клуб АК Охрид го освои седмото место во севкупниот пласман, иако настапи со само тројца атлетичари.

Клубот имаше претставници во повеќе дисциплини, а особено се истакна Јован Стојоски, кој забележа одличен резултат на трката на 400 метри со пречки, завршувајќи на само 23 стотинки од државниот рекорд што е во негова сопственост. Стојоски оствари уште еден значаен успех, освојувајќи го првото место и на трката на 200 метри во вториот натпреварувачки ден.

Свој придонес во бодовното салдо на клубот даде и Стефан Стефаноски, кој настапи во дисциплината фрлање диск.

Значаен придонес за високото седмо место обезбеди и Блаже Љушев, кој се натпреваруваше во три дисциплини – скок во далечина, 400 метри со пречки и 110 метри со пречки, освојувајќи вредни бодови за АК Охрид.

Атлетичарите на АК Охрид во наредниот период продолжуваат со подготовките за следните предизвици и натпревари во тековната сезона.