ЏК „Дрим“ истовремено настапи на дури ТРИ различни меѓународни натпревари, на ТРИ различни локации и во ТРИ држави, покажувајќи ја силата, дисциплината, пожртвуваноста и шампионскиот дух на нашите џудисти! 
Република Црна Гора – Подгорица
Република Босна и Херцеговина – Соколац
Република Македонија – Скопје
На три фронта, во ист ден, со срце оставено на татами, нашите џудисти водеа вистинска спортска битка и покажаа што значи да се носи грбот на ЏК „ДРИМ“ со чест и гордост! 
Ретко кој клуб може истовремено да биде присутен на три различни страни и притоа да освојува медали, да доминира и достоинствено да го претставува својот град и држава. Ова е доказ за огромната работа, квалитетот и единството кое владее во нашиот клуб! 

Со неверојатна енергија, пожртвуваност и шампионски карактер, нашите натпреварувачи уште еднаш покажаа дека ЏК „ДРИМ“ Струга е симбол на борбеност, дисциплина и спортска величина! 

РЕЗУЛТАТИ – ПОДГОРИЦА 
Мила Стојанова – 2 место

РЕЗУЛТАТИ – СКОПЈЕ 
Ајлин Бајрамоска – 1 место
Амар Бајрамоски – 1 место
Ненад Костоски – 2 место
Филип Шипоски – 2 место
Мартина Салви – 2 место
Драгица Рафтоска – 3 место
Борис Мицкоски – 3 место

РЕЗУЛТАТИ – СОКОЛАЦ 
Елеонора Јосифоска U14
Елеонора Јосифоска U16
Енил Ајдиноски
Дариан Ночески
Софија Ноческа
Божидар Јуловски
Мила Стојмиловска
Ѓорѓи Јуловски
Огромна почит за сите наши натпреварувачи, тренери и родители кои со огромен труд, дисциплина и посветеност стојат зад секој успех! Вашата борбеност, храброст и љубов кон џудото се вистинска инспирација! 
ЏК „ДРИМ“ Струга повторно покажа дека шампионскиот дух нема граници!
Гордо, силно и достоинствено – за Струга и за Македонија! 
















