На Државниот натпревар по биологија, кој се одржа на 09.05.2026 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје нашите гимназијалци повторно со високи места. Во силна конкуренција од најдобрите млади биолози од целата држава, нашите ученици блеснаа со своето знаење, труд и посветеност, претставувајќи вистински пример за успех и академска извонредност.
Во центарот на вниманието се најде ученичката Елена Павловска од прва година, под менторство на проф. Кристијан Шешов, која го постигна највисокото достигнување за нашето училиште освојувајќи Втора награда — успех што претставува круна на нејзината посветеност, љубопитност и љубов кон биологијата.
Со особена чест и гордост го истакнуваме и успехот на учениците : Виктор Милевски од прва година, под менторство на проф. Кристијан Шешов, кој освои Трета награда, покажувајќи извонредно знаење, аналитичност и натпреварувачки дух, како и на ученикот Петар Лазороски од втора година, под менторство на проф. Емилија Трајческа, кој исто така освои Трета награда, достојно претставувајќи ја генерацијата на млади талентирани биолози.
Посебна благодарност и признание заслужуваат и останатите ученици кои со своето активно учество дадоа значаен придонес и покажаа храброст, мотивираност и љубов кон науката : Константин Групчев, Никола Танески, Ангел Трајчески, Никола Гашоски, Тане Јанчески сите од втора година под менторство на проф. Емилија Трајческа, а од трета година тоа се Петар Стојаноски и Дарија Талеска, под менторство на проф. Славица Кичеец.
Секој нивни чекор на овој натпревар е доказ дека иднината припаѓа на младите кои се подготвени да учат, истражуваат и да ги поместуваат границите на знаењето.
Овој успех не е само награда — тој е инспирација, доказ дека трудот секогаш блеска најсилно тогаш кога е поддржан со знаење, упорност и страст кон науката.
Честитки за сите ученици и ментори за величествениот успех и достојното претставување!














