АктуелноОхрид

Гимназија: Од училниците до трибините: едно срце чука за ГРК Охрид!

Од училниците до трибините: едно срце чука за ГРК Охрид! 💙🤍
Денес, учениците и професорите покажаа дека ГРК Охрид не игра сам. Зад секој гол, секоја победа и секоја борба стои една цела генерација, една младост и едно срце што чука за Охрид!
Од гимназиските клупи до трибините испраќаме силна порака:
дека победничкиот дух се учи, се живее и се брани заедно. Ова не е само поддршка за клубот, ова е поддршка за нашата гордост, нашиот Охрид, нашата Македонија и нашата иднина.
Кога младите веруваат во вас, тогаш знаете дека сте симбол на Охрид!
Напред ГРК Охрид, борбено, достоинствено и победнички за европско финале, се вели во објавата од Охридската Гимназија.