АктуелноОхрид

Црковна делегација на Романската црква е во посета на МПЦ-ОА и црквите во Охрид и Струга

Струмичкиот митрополит Наум и неговиот викарен епископ Јаков беа домаќини на високите црковни гости од Романија предводени од архиепископ на Јаши и митрополит на Молдавија и Буковина, Теофан и неговиот викарен епископ, Никофор.

Четиридневната посета на Македонија романската делегација почнала од Струмичката епархија со посета на манастирите Свети Леонтиј и Покров на Пресвета Богородица во Водоча и Воведение на Пресвета Богородица во Вељуса.

Меѓу гостите присутни се и игуменот на манастирот Неамц, архимандрит Бенедикт Саучиук, игуменот на манастирот Петру Вода, архимандрит Харитон Негреа, игуменот на манастирот Сихастрија, архимандрит Арсение Попа, како и игумени и игумании на манастири во нивната епархија.

За време на својот престој во Македонија, што почна вчера, романската црковна делегација ќе ги посети и другите значајни македонски црковни центри, Архиепископскиот црковен храм во Скопје, манастирот Свети Пантелејмон во Нерези, Бигорскиот манастир и Рајчица, манастирите во Охрид и Струга, Свети Наум, Свети Климент, Света Богородица Перивлепта, Света Софија, манастирот во Калишта итн, соопшти Струмичката епархија.

 

religija.mk