Етна е впишана на Листата на светско наследство на UNESCO како природно светско наследство, според критериумите се третира како извонреден пример на тековни геолошки процеси и вулкански форми. UNESCO ја признава како еден од најактивните и најдобро проучени вулкани во светот.


Жичара (Funivia dell’Etna)
Од тука започнува познатата жичара која ги носи туристите до околу 2500 метри надморска височина. Од горната станица, кога вулканската активност дозволува, продолжуваат специјални големи теренски возила 4×4 (off-road buses) кои се искачуваат уште поблиску до активните кратери, а дел од турите продолжуваат и пеш со водич.

Ресторани, кафетерии и одмор
Во непосредна близина се наоѓа Bar Ristorante Crateri Silvestri, еден од најпознатите ресторани со поглед кон кратерите, како и повеќе кафетерии, барови и места за одмор каде туристите уживаат во сицилијанска храна, кафе и локални специјалитети. Областа е многу популарна за кратки паузи по прошетките околу кратерите.
Продавници за сувенири
Околу кратерите има продавници со сувенири, лавини камења, вулкански сувенири, локален мед, рачно изработени предмети и типични сицилијански производи. Туристите често купуваат предмети направени од вулкански камен како уникатен спомен од Етна.
Апартмани и сместување
Во зоната околу Рифуџо Сапиенца и Николози има апартмани, планински хотели и сместувања за туристи кои сакаат да преноќат и да го доживеат изгрејсонцето или ноќните ерупции на Етна.
Квадрицикли и авантуристички тури
Многу агенции нудат изнајмување квадрицикли возење низ вулкански патеки, посета на лавини пештери и авантуристички екскурзии по црните вулкански полиња.

Туристички агенции и планинарење
Во туристичките канцеларии се организираат водени тури, планинарење до повисоките делови на вулканот, sunset tours, trekking до Silvestri Craters и експедиции кон повисоките активни зони на Етна. Дел од овие тури се дозволени само со лиценцирани вулкански водичи.
Зошто е ова место уникатно?
Малку места во светот овозможуваат со автомобил да стигнете толку блиску до еден од најактивните вулкани во Европа, а притоа да имате ресторани, жичара, сувенири, организирани тури и спектакуларен поглед кон активните кратери – сè на едно место. Токму затоа кратерот Силвестери е најпознатата туристичка порта кон Етна.
ВИДЕО РЕПОРТАЖИ ПОВРЗАНИ СО ТЕМАТА ОХРИД И УНЕСКО











