АктуелноОхрид

(ВИДЕО) Отворен час на тема „Планетата Земја е нашиот единствен дом“ одржаа учениците од ПОУ „Дедо Лазор Циркоски„ во Враништа

Планетата Земја е нашиот единствен дом и друга резервна планета немаме, истакнаа во својата богата брограма која ја имаа подготвено учениците од ПОУ „Дедо Лазор Циркоски“ а повод 22 април Денот на планетета Земја.

Прку едукативни рециталим изведби и музички точки тие ги истакнаа големите заложби кои треба да се прават од сите, без разлика на годините и возраста за зачувување на планетата Земја. Посебно беше истакната заложбата секој да внимава од местото на живеење да не фрла отпад, туку напротив соодветно да го рециклира и да не доаѓа до загадување, било тоа да е во почвата , средината или воздухот кој сите го дишиме.

Исто така беа истакнати и проектите кои ги воведува ова училиште се со цел поголем акцент на зачувување на животната средина во и околу училишниот довр. Пред се тука се засадувањето на садници околу дворот на Денот на проелтта, поставените големи дрвени контејнери за компостирање, денот со велосипеди , како и проект за чистење кој го најавија.

Отворениот час беше заокружен со музичка изведба на учениците и порака дека тоа што го имаме не е наше туку сме го позајмиле и треба да го оставиме во наследтво на идните гнерации кои допрва доаѓаат, како трајна вредност.