АктуелноОхрид

Извршен службен разговор со лице од Охрид кој по пријава од поранешната сопруга физички го напаѓал нивниот малолетен син

На 18.04.2026 во 01:30 часот во СВР Охрид е извршен службен разговор со
лице на (46) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава од неговата поранешна 39-годишна
сопруга дека во последно време физички го напаѓал нивниот малолетен син за време на
викендите кога бил кај него согласно решението на Центарот за социјални работи Охрид.
Според пријавеното, последен пат тоа се случило на 17.04.2026 околу 22:00 часот. По
целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.