АктуелноОхрид

Усвоени извештаи за активностите на Здружението на пензионерите Охрид и Дебрца за 2025г.

Собранието на З.П. Охрид и Дебарца, својата 7 (седма) седница ја одржа на
18.03.2026г., која ја водеше Претседателот на Собранието Ристо Трајкоски. На
седницата покрај членовите на Собранието, присуствуваа и членовите од органите и
телата на здружението:Извршниот одбор, Надзорниот одбор, КСПП, Собранието на
СЗПМ и други.


На седницата, која беше оттчетна седница за работењето во 2025г., беа
разгледани: Извештајот за работата на здружението за 2025г., Извештајот за ТДУ Клуб
на пензионери за 2025г. и Финансискиот извештај од Надзорниот одбор заедно со
преглед за приходи и расходи за 2025г.

За сите извештаи имаше плодна дискусија и прашања, на кои им беа дадени
соодветни одговори од Претседателот на ЗП Васил Маркоски, како и претставник од
книговодството.
Како заклучок, преку анализа на овие извештаи, се констатираа позитивните
случувања и контролираното економично-домаќинско работење со солидарните
финансиски средства од чланарината на пензионерите.


Посебно кратко обраќање имаше Претседателот на ЗП Васил Маркоски за
претстојните активности на здружението и одредување на приоритетите за
реализација, предвидени со програмата за работата на ЗП за 2026 година.

З.П. „Охрид и Дебрца“
Комисија за информирње