Средбата беше посветена на продлабочување на соработката меѓу нашите градови, со посебен акцент на културата, туризмот, образованието и локалниот економски развој. Разговаравме за заеднички проекти и иницијативи, како културна размена, развој на туризмот, унапредување на јавните услуги и менаџирањето со локалната самоуправа.
Особено ни беше драго што откривме многу можности за соработка и во чествувањето на делото на Кирил и Методиј, кое ги поврзува нашите градови. Градоначалникот Хатас ни ја презентираше Нитра, нејзината богата историја, културни и образовни капацитети, отворајќи многу перспективи за идни партнерства.
Верувам дека ова е почеток на една плодна и долгорочна соработка која ќе донесе нови можности за нашите граѓани и ќе ја збогати културната и економската размена помеѓу Охрид и Нитра.











