СВР Охрид поднесе кривична пријава со против лице на (57) од Охрид поради постоење на
основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено изработување, држење,
посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 29.07.2025, по претходна пријава дека на јавно место на потегот од место викано „Чинар“ до црквата
„Св.Богородица“ носел пушка, преземени се мерки и пријавениот е пронајден во неговито
двор под дејство на алкохол и до него имал пушка ТОЗ–18–01 калибар 22LR за која не
поседувал дозвола.












