АктуелноОхрид

(ФОТО) Традиционално Лазара во с. Враништа

Традиционално и оваа година лазарките беа основниот елемент на денешниот верски празник Лазарева сабота во Враништа.

По посетата во главната парохиска црква Св. Никола, тие се упатија кон секоја куќа во селото , а потоа и кон влезот на селото, каде ги застануваа возилата , нешто што останало како традиција низ годините.