Наш ИзборНаш изборОхрид

Известување за учесниците во сообраќајот во општина Охрид

Поради изведување на градежни активности кои се однесуваат на санација на уличната патна мрежа, Општина Охрид ги известува сите учесници во сообраќајот дека:

  • На ден 04.04.2026 година (Сабота) на улиците „15-ти Корпус“, „Питу Гули“ и „Сирма Војвода“ ќе се изведуваат градежни работи, при што се замолуваат учесниците во сообраќајот за крајна внимателност при управување со моторните возила и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација.
  • На ден 06.04.2026 година (Понеделник) за сообраќај ќе биде затворена дел од улицата „Димитар Влахов“, и тоа од почетокот на улицата кај кружната крстосница до крстосницата помеѓу улиците „Димитар Влахов“ и „Мите Богоески“.

Воедно се замолуваат учесниците во сообраќајот на ден 06.04.2026 година да не ги паркираат возилата на оваа улица или веќе паркираните возила да ги отстранат.