По повод 1 Април – Денот на шегата, денеска во училиштето се одржа маскенбал на кој учествуваа учениците од прво до петто одделение. Настанот беше исполнет со многу насмевки, креативност и весела атмосфера.
Учениците се претставија со различни маски – од суперхерои и волшебнички до омилени ликови од бајките и филмовите, со што го разубавија училишниот ден и внесоа вистинска магија во училиштето.
Програмата беше збогатена со музика, игра и дефиле на маски, каде секој ученик имаше можност да се претстави и да ја покаже својата уникатност и креативност.
Настанот помина во духот на дружење, радост и детска фантазија, оставајќи убави спомени кај учениците и наставниците.












