Со големо жалење ја примивме веста за смртта на Илија Нелоски, кој во периодот од 14 април 1988 година до 21 јануари 1991 година ја извршуваше функцијата претседател на Собранието на Општина Охрид.
Неговиот ангажман, посветеност и одговорност оставија значаен белег во функционирањето и развојот на општината во еден важен историски период.
Во мое лично име и во името на Општина Охрид, упатувам искрено сочувство до неговото семејство.
Нека почива во мир!











