Во организација на Националната боксерска федерација, во спортската сала на СОУ „Коле Нехтенин“ во Штип се одржа првото коло од Првата и Младинската бокс лига на Македонија.
Боите на охридскиот боксерски клуб „Алексо Огненовски“ на натпреварувањето ги бранеа Наум Стојаноски и Петар Трајчески, кои забележаа победи, како и Филип Мајкиќ и Кристијан Стојаноски, кои ги загубија своите борби.
Технички организатор на натпреварите беше Боксерскиот клуб „Пинк Пантер Тим“ од Штип.












