На 28.03.2026 година, Таеквон-до клуб „Ге-Бек“ од Ресен зеде учество на меѓународен турнир по Традиционално Таеквондо во Тирана, Република Албанија, на кој настапија над 150 натпреварувачи од 5 европски држави.

Нашиот клуб настапи со 9 натпреварувачи, освојувајќи вкупно 13 медали во дисциплините борби и форми (борба со замислен противник). Освојувачи на медали се:
• Иван Шундовски – 1 место форми, 3 место борби
• Михаил Гошевски – 3 место форми, 1 место борби
• Димитар Андоноски – 2 место борби
• Медина Мусиќ – 2 место борби
• Марија Тунтеска – 2 место борби
• Виктор Рунчески – 2 место форми, 2 место борби
• Андреј Рунчески – 3 место форми, 3 место борби
• Владимир Димитриевиќ – 1 место борби
• Божидар Димитриевиќ – 1 место борби Браќата Божидар и Владимир се пресретнаа во финалниот меч на турнирот ,,Best of the best” каде што прикажаа квалитетна борба, со што брачата го најавуваат своето следно учество на Европско Првенство во Традиционално Таеквондо во Крит Република Грција, репрезентација предводена од националните тренери на МТТФ Марјанчо Лазарески и Саша Поповски.

Со овој турнир се враќаме со грст медали, при што нашите натпреварувачи уште еднаш го потврдија својот квалитет и го покажаа напредокот стекнат од претходните настапи. Овој успех е резултат на напорна работа, дисциплина и силна желба за напредок на натпреварувачите. Продолжуваме уште посилно, со уште поголема мотивација – затоа што вистинските шампиони не застануваат тука, туку секогаш се градат и стремат кон нови победи и повисоки цели.













