Михаловско-кошичкиот архиепископ Георгиј, од Православната Црква на Чешките земји и Словачка беше на поклоничко патување во Охрид, историски центар на словенската писменост – известува Чешката редакција на Сојузот на православни журналисти.
На Плаошник, во манастирот на св. Климент Охридски и св. Пантелејмон, владиката Георгиј се поклони пред моштите на св. Климент. Поклониците го посетија и манастирот на св. Наум. Во придружба на игуменот, архимандрит Нектариј, поклониците оддадоа почит на гробот на преподобниот Наум Охридски.
Владиката Георгиј отслужи и помен на гробот на блаженоупокоениот митрополит Дебарско-кичевски Тимотеј. Тој пред години му подарил на владиката Георгиј мошти од св. Климент за словачките верници.
За време на престојот во Охрид, владиката се сретна со Митрополитот Дебарско-кичевски Георгиј. Како симбол на братско единство и заедничка вера, двајцата архијереи размениле вредни подароци. Митрополитот Георгиј му подарил на Словачкиот архиепископ мошти од преподобната Спаса Вишенска и спомен-панагија. Архиепископот Георгиј му подарил на својот домаќин епитрахил со омофор и сребрена панагија со ликот на свети Георгиј Победоносец.
liturgija.mk











