На 18.03.2026 во 02:35 часот во населба Плитишта во Струга, полициски службеници од ОВР Струга ги лишија од слобода лице на (31) од Скопје и лице на (30) од Охрид. Тие се сомничат дека околу 00:20 часот на улица „Момчило Јордановски“ во Охрид, по претходна расправија, физички го нападнале лице на (52) од Охрид.
Едно лице на (41) од Охрид успеала да го заштити лицето и откако двајцата влегле во незјиниот стан лицата повторно го нападнале, при што употребиле тврд предмет и му нанеле тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Напаѓачите си заминале од станот кога таа повикала полиција, по што едното лице забележал дека од паричникот му фалат пари и личен накит. Двете лица се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
mvr.gov.mk










