Охрид

„Напиши стих – купи кафе“ во Охрид мол

Во четврток на 19 март НУ Библиотека „Григор Прличев“ од
Охрид во соработка со Охрид мол и кафетеријата „Nocciolino“
од 10 до 13 часот во пресрет на 21 Март – Светскиот ден на
поезијата ќе го одржат настанот: „Напиши стих – купи кафе“ .

Оваа иницијатива е почната во 1999-та година, кога УНЕСКО во
Париз го прогласи  21 Март за Светски ден на поезијата, а ние веќе
шеста година како Установа го организираме  настанот во Охрид.
Најважно е да се дружиме, да сме  креативни и да покажеме дека
чувствата се повредни од парите.
Секој е добредојден и уште отсега му се радуваме на Вашето
присуство.  Во „Nocciolino“ во Охрид мол ве чека парче хартија и
топло кафе.
Напишете сопствен стих и ќе добиете бесплатно кафе. Посебна
Комисија од Библиотеката ќе ги собере напишаните стихови и во
друга пригода ќе додели три награди за авторите на најдобрите
стихови.
НУ Библиотека