Во саботата, на 14 март, се одржа Државното првенство во Tрадиционално Таеквон-До ИТФ, организирано од Македонската традиционална таеквондо федерација. Настанот собра голем број натпреварувачи од повеќе клубови од целата држава, кои имаа можност да ги покажат своите знаења, вештини и натпреварувачки дух.

На натпреварот учествуваа 88 натпреварувачи, кои се натпреваруваа во две дисциплини – форми и борби. Натпреварувачите доаѓаа од различни клубови: „Мастер“ Охрид, „Ге Бек“ Ресен, „Ахилиус“ Скопје, „ХВА Ранг ИТФ“ Лескоец – Охрид, „Сонкал“ Мислешево – Струга и „Чонџи“ Косел – Охрид.

Според освоените медали, најдобар клуб на првенството беше Таеквон-До клубот „ХВА Ранг ИТФ“ Лескоец – Охрид, со освоени 21 златен, 16 сребрени и 18 бронзени медали, како и 6 пехари за најдобри поединци.
На второто место се најде Таеквон-До ИТФ клубот „Сонкал“ Мислешево – Струга, со освоени 6 златни, 4 сребрени и 4 бронзени медали, како и два пехари за најдобри поединци.
Третото место му припадна на Таеквон-До клубот „Мастер“ Охрид, со освоени 2 златни, 3 сребрени и 6 бронзени медали, како и еден пехар за најдобар поединец.

На четвртото место се пласира Таеквон-До клубот „Ге Бек“ Ресен, со освоени 1 златен, 3 сребрени и 10 бронзени медали.
На петтото место се најде Таеквон-До ИТФ клубот „Чонџи“ Косел – Охрид, со освоени 1 златен, 2 сребрени и 4 бронзени медали.
Шестото место му припадна на Таеквон-До клубот „Ахилиус“ Скопје, со освоени 1 златен, 2 сребрени и 2 бронзени медали.
За најдобри поединци во своите старосни категории, кои покрај медали се закитија и со пехари, беа прогласени:
- најдобро девојче 8–9 години – Дариа Митреска, со освоени 2 златни медали
- најдобро дете 8–9 години – Јаков Гагалески, со освоени 2 златни медали
- најдобра кадетка 10–11 години – Емилија Трајчевска, со освоени 2 златни медали
- најдобар кадет 10–11 години – Теодор Ѓорески, со освоени 2 златни медали
- најдобра кадетка 12–13 години – Христина Стојкоска, со освоени 1 златен, 1 сребрен и 1 бронзен медал
- најдобар кадет 12–14 години – Даријан Китаноски, со освоени 1 златен и 1 сребрен медал
- најдобра јуниорка 14–16 години – Миа Танеска, со освоени 2 златни, 1 сребрен и 1 бронзен медал
- најдобар јуниор 14–16 години – Михаил Крстаноски, со освоени 2 златни и 1 сребрен медал
- најдобра младинка 16–21 година – Анастасија Чулческаи Теодора Тодороска, со освоени по 1 златен и по 2 сребрени медали
- најдобар младинец 16–21 година – Давид Крстескии Владимир Димитриевиќ, со освоени по 1 златен и по 1 сребрен медал
Настанот помина во одлична атмосфера, со голема поддршка од тренерите, клубовите и љубителите на традиционалното таеквон-до. Државното првенство претставува значаен настан за развојот на таеквон-до спортот во Македонија и важна можност за младите спортисти да стекнат натпреварувачко искуство.

Посебна благодарност до генералниот спонзор „ПН Метал“, како и до поддржувачите „Жито Леб“ Охрид, ЈП Градски Пазар Охрид и сендвичара „Кај Љупче“ – Лескоец, кои придонесоа за успешната реализација на настанот.











