АктуелноОхрид

Успешен настап на Теквон-до клуб „Ге-Бек“ – Ресен на Државното првенство во Традиционално Таеквон-до

Оваа сабота Теквон-до клуб „Ге-Бек“ од Ресен зеде учество на Државното првенство во традиционално теквон-до, организирано од страна на Македонска Традиционална Таеквон-до Федерација.

Клубот настапи со 11 натпреварувачи кои остварија одличен успех, освојувајќи вкупно 14 медали во дисциплините форми (борба со замислен противник) и спаринг борби. Од нив:

🥇 1 златен медал

🥈 3 сребрени медали

🥉 10 бронзени медали

Од ова државно првенство извлековме одлични резултати, но и значајно искуство кое ќе придонесе за понатамошно подигнување на квалитетот и подготвеноста на нашите натпреварувачи за претстојните престижни натпревари во текот на годината.

Освојувачи на медали:

• Владимир Димитриевиќ – 1 место борби, 3 место форми

• Божидар Димитриевиќ – 2 место форми, 3 место борби

• Димитар Андоновски – 3 место борби

• Христина Лембовска – 3 место борби

• Иван Шундовски – 3 место борби

• Андреј Рунчевски – 3 место борби

• Виктор Рунчевски – 2 место борби, 3 место форми

• Медина Мусиќ – 3 место борби

• Марија Тунтеска – 2 место борби

• Михаил Гошевски – 3 место форми, 3 место борби

• Методи Проевски – 3 место борби

Следниот предизвик за натпреварувачите на клубот ќе биде меѓународниот турнир ,,Тирана Опен” , кој ќе се одржи на 28 март во Република Албанија, каде нашите таеквондисти повторно ќе имаат можност да ги покажат своите вештини и подготвеност.