АктуелноОхрид

Пештанец лишен од слобода, управувал возило под дејство на алкохол, измерени 1,74 промили

На 16.03.2026 во 02:05 часот, на пресекот на булеварите „АСНОМ“ и „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода лице на (38) од охридското село Пештани.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид сопреле патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал и по извршено алкотестирање му биле измерени 1,74 промили алкохол во крвта.

Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.