АктуелноОхрид

Случена сообраќајна незгода на магистралниот пат Подмољје -Охрид

На 15.03.2026 во 20:15 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Подмоље-Охрид  случена е сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „алфа“ со охридски регистарски ознаки, управувано од  лице на (63) од охридското село Велгошти и патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од  лице на (35) од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Н.К. сопатничка во возилото „алфа“, додека со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и  едно лице  од Охрид, сопатник во возилото „ауди“, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.