Денес, на 15.03.2026, во Скопје, во општина Бутел, се одржа Државното првенство во џудо, во организација на Џудо Федерација на Македонија, со техничка поддршка од ЏК Радишани. Џудо клубот „Дрим“ повторно се претстави со одлични настапи и силен натпреварувачки дух.
Овој викенд за нас беше навистина посебен и исполнет со спортски предизвици. Само ден претходно настапивме на два различни меѓународни натпревари, а веднаш потоа продолживме и на Државното првенство. Оваа низа на настапи зборува многу за нашата посветеност, дисциплина и љубов кон спортот, како и за континуираната и посветена работа што ја вложуваме во развојот на младите спортисти, истакнуваат од клубот.
Натпреварувачите уште еднаш покажаа дека со труд, упорност и тимски дух можат да се постигнат одлични резултати. Овие успеси се доказ дека клубот чекори во вистинска насока и дека вложената работа секојдневно носи плодови.
Деца
Мила Стојанова (-48кг) – 2 место
Дарио Стојанов (-22кг) – 2 место
Ненад Костоски (-38кг) – 2 место
Анастасија Јовческа (-36кг) – 2 место
Ајлин Бајрамоска (-36кг) – 1 место
Ивона Мојсова (-32кг) – 3 место
Мелани Јакуповска (-40кг) – 1 место
Елиф Тала (-36кг) – 3 место
Кадети/ки
Драгица Рафтоска (-63кг) – 3 место
Амар Бајрамоски (-60кг) – 1 место
Лука Колевски (-73кг) – 3 место
Доријан Петкоски (-50кг) – 2 место
Мелек Тала (-57кг) – 3 место
Горди сме на сите наши натпреварувачи кои со храброст и борбеност излегоа на татамито и го претставија клубот на најдобар можен начин. Овие резултати се уште еден доказ за силната работа, дисциплината и вистинските вредности што ги градиме во клубот.
Со истата енергија и посветеност ќе продолжиме и понатаму да го развиваме џудото, да ги мотивираме младите генерации и достојно да го промовираме спортот, нашиот град и нашата држава на домашните и меѓународните натпреварувања, додаваат од таму.











