На 13.03.2026 година во 08 часот, на регионалниот пат Струга-Дебар, во близина на струшкото село Враништа, лице на (18) од истото село, управувајќи патничко возило „Фолксваген Поло“ со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола по што, возилото излетало од патот и се превртело.
Возачот бил пренесен во Општата болница во Струга, каде му биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на незгодата, извршија полициски екипи.











