На 13.03.2026 година во 23.35 часот, на регионалниот пат Струга – Подмољје, лишен од слобода е 16 годишен малолетник од Охрид.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „Мерцедес“ со дебарски регистарски ознаки кое тој го управувал и притоа, констатирале дека немал остварено право за управување односно немал положено возачки испит.
По налог на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.











