На 13.03.2026 година во 21.50 часот, кај месноста „Кореа“ на регионалниот пат Струга-Дебар, во близина на Вевчани, лишен од слобода е лице на (22) од Дебар.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „Мерцедес“ со дебарски регистарски ознаки кое тој го управувал и притоа, констатирале дека немал остварено право за управување односно немал положено возачки испит.
По налог на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.











