По барање на градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќyра, Центарот за управување со кризи реагираше со активирање на два хеликоптери за гаснење на пожарот на планината Јабланица. Поради тешкиот планински терен, интервенцијата од копно беше невозможна, а пламените јазици претставуваа ризик не само за природата и биодиверзитетот, туку и за населението во околните подрачја.
Покрај пожарот на Јабланица, во регионот на Струга е регистриран и друг активен пожар во селото Боговица, каде што ќе се интервенира од копно.
Апелираме до сите граѓани да покажат максимална внимателност и целосна одговорност. Палењето оган во планина, на ниви или на отворен простор е строго забрането. Секое такво дејствие претставува сериозен ризик за природата, имотот и животите на луѓето.
Надлежните институции ќе бидат на терен и против секое лице што ќе предизвика пожар или ќе постапува неодговорно ќе бидат преземени строги законски мерки. Секоја невнимателност може да предизвика тешки и непоправливи последици.










