АктуелноОхрид

(ВИДЕО) Отслужен третиот акатист кон Пресвета Богородица во парохиската црква Св.Никола во с.Враништа

Во овој трет акатист повторно слушаме како црквата ја нарекува Богородица со прекрасни зборови „Радувај се невесто не невесна“, со овие зборови ја величаме Онаа која стана мост меѓу небото и земјата , Онаа преку која Христос дојде на земјата за спасение на човековиот род. Браќа и сестри, великиот пост е време на покајание и молитва  и духовно вљубување, а Пресвета Богородица , нашата најсила застапничка пред својот син. Како што мајката ги слуша солзите на своето дете, така и таа ги слуша нашите молитви, рече помеѓу другото Отец Ристе Наумоски на денешниот трет акатист кој се отслужи во парохиската црква Св. Никола во село Враништа.

Голем број од верниците принесоа и петтолебие во чест и слава на Пресветата Богородица.