Здравствени Пепелашки во Охрид (1)


Неделава, при посетата на Охрид, посетив две болници: Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања „Св. Стефан“ и Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, се вели во објавата на ФБ на В.Д. директорот на Фонд за здравствено осигурување на Македонија.
Зошто „Пепелашки“? Затоа што високо стручно и професионално ниво функционира во многу предизвикувачки услови.
Сега за „Св. Стефан“ кардиологија.
Основана во 1982 година, денес е веројатно втор најважен кардиолошки центар (според број на интервенции) во јавното здравство во Македонија, по Клиниката за кардиологија во Скопје .
Што нуди:
И во кујната се подготвува вкусна храна 
Зошто во многу предизвикувачки услови? Стариот објект потекнува од синдикално одмаралиште, што не одговара на модерните болнички стандарди, а опремата е ограничена (на пр. само еден ангиограф). Сепак, благодарение на посветениот персонал – кардиолози, интервентни специјалисти и целиот тим – постигнуваат одлични резултати! 

Во последните години има позитивни чекори: набавка на нови апарат, енергетска ефикасност и реконструкција на делови од објектот. Тоа покажува дека со поддршка може да се оди уште подалеку.
Ова е одличен пример како со човечки фактор, стручност и посветеност може да се постигнат големи работи дури и во ограничени услови.
Благодарам од срце на раководството, сите доктори, медицински сестри и персонал!












